Горно Коњари
Gorno Konjari view.jpg

Панорама на Горно Коњари

Горно Коњари is located in Македонија
Горно Коњари
Местоположба на Горно Коњари во Македонија
Координати 41°58′32″N 21°43′18″E / 41.97556° СГШ; 21.72167° ИГД / 41.97556; 21.72167Координати: 41°58′32″N 21°43′18″E / 41.97556° СГШ; 21.72167° ИГД / 41.97556; 21.72167
Регион Скопска Блатија
Општина Општина Петровец
Население 237 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 340 м
Горно Коњари на општинската карта
Горно Коњари во Општина Петровец.svg

Атарот на Горно Коњари во рамките на општината
Commons-logo.svg Горно Коњари на Ризницата

Горно Коњари е село во Општина Петровец, во областа Блатија, во околината на градот Скопје.

Содржина

  • 1 Географиja и местоположба
  • 2 Историja
  • 3 Економија
  • 4 Демографија
    • 4.1 Родови
  • 5 Општествени институции
  • 6 Администрација и политика
  • 7 Културни и природни знаменитости
  • 8 Редовни настани
  • 9 Личности
  • 10 Култура и спорт
  • 11 Наводи
  • 12 Надворешни врски

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Горно Коњари
Штркови во Горно Коњари

Селото Горно Коњари се наоѓа во североисточниот дел на областа Блатија, во околината на градот Скопје, на околу 30 километри на исток. Оградено е од реката Пчиња и месноста викана Корија на запад, месноста поле на север, ниски ридови на исток и значително повисоки ридови на југ кои се паралелни со локалниот пат кој го поврзува селото со селото Средно Коњари и Скопје.

Историja[уреди | уреди извор]

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Горно Коњари живееле 130 жители, сите Македонци.[1]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Горно Коњари имало 224 Македонци, егзархисти.[2]

Поради неговата транзитна положба селото претрпело неколку незначителни миграции. Доселено е население од околното Винце, а позначителна е преселбата на неколку семејства од кривопаланечките села. Засега младите не се отселуваат од селото и покажуваат тенденција на останување.

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 237 жители, сите Македонци.[3]

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години: [4]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 130[1] 224[2] 515 492 470 361 237 227 208 237

Родови[уреди | уреди извор]

Горно Коњари e македонско село.

Според истражувањата од 1953 година, родови во Горно Коњари се:

  • Доселеници со познато потекло: Пановци (2 к.) доселени се од селото Дивле. Основачот на родот дошол како домазет во родот Дедо-Наумовци. Во Дивле биле староседелци; Дедо-Јовчевци (13 к.) доселени се од некое село во кривопаланечко. Најпрво се населиле во селото Миладиновци, па потоа во Горно Коњари; Пешевци (3 к.) доселени се од селото Табановце, кумановско; Долноселци (10 к.) доселени се од селото Долно Коњари; Атанасковци (6 к.) доселени се од некое село во кумановско; Чавкаровци (1 к.) гранка се од родот Долноселци.
  • Доселеници со непознато потекло: Паша Милинци (9 к.), Дедо-Наумовци (7 к.), Филиповци (4 к.), Велковци (1 к.), Завировци (2 к.), Стојчевци (5 к.), Соколовци (3 к.), Тренчевци (2 к.) и Дедо-Илијинци (1 к.) родовите Дедо-Наумовци и Филиповци потекнуваат од ист предок, во родот Дедо Наумовци се знае следната генеологија Стојан (жив на 55 год. во 1953 година) Ѓорге-Наум-Ѓоргија.[5]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Селаните се организирани во Месна Заедница. Во МЗ членуваат неколкумина од поистакнатите жители. Оваа институција има за улога да одлучува за работите кои го засегаат месното население. Постојат и наменски совети кои се составуваат со цел да се запазат христијанските обичаи и да се прослават пригодно верските празници.

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Илија“

с.Горно Коњари е познато по верските објекти кои се простираат по неговата околина.На највисокиот и воедно најмасивниот рид се сместени три цркви. Првата најголемата е посветена на Мајката Исусова Богородица. Оваа црква датира уште од 1930-тите кога е изградена првичната црква. Во 1998 година старата црква беше урната и новата црква беше изградена до 2000 година (осветувањето беше изведено истата година од страна на Митрополитот Полошко-Кумановски г.Кирил). 28 август е чествувањето на овој празник,кој е истовремено и селска слава. На истиот рид се лоцирани уште две цркви: св.Ѓорѓи и св.Петка кои датираат уште од поодамна. Под падините на овој рид, близу до селското кошаркарско игралиште е останат камен крст за кој старите жители велат дека е единственото преживеано нечто од уште една стара црква. На падините на месноста викана Корија постои уште една мала црква посветена на светецот Илија каде населението го чествува празникот Илинден.

Редовни настани[уреди | уреди извор]

6 јануари-Палење на коледарските огнови на сретсело 7 јануари-Божик 20 јануари - Прослава по повод Богојавление Водици 6 Мај-Ѓурѓовден НАЈГОЛЕМИОТ НАСТАН : 28 Август, прослава на празникот Мала Богородица

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Цркви[6]
  • Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - главна селска и манастирска црква на Горнокоњарскиот манастир;
  • Црква „Св. Ѓорѓи“ - црква во Горнокоњарскиот манастир;
  • Црква „Св. Петка“ - црква во Горнокоњарскиот манастир;
  • Црква „Св. Илија“ - црква во месноста Корија;
  • Црква „Св. Архангел Михаил“ - поранешна гробјанска црква. Се наоѓала кај селските гробишта, но во 1924 била разрушена од надојдена вода;
Археолошки локалитети[7]
  • Градиште - населба од раноантичкото и римското време. Според последните истражувања, антички пајонско-македонски град;[8]
  • Миљковци - црква и некропола од ранохристијснко време;[9]
  • Орници - неопределено од непознат период;[9]
  • Бајрамица - некропола од среден век;[9]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.207
  2. 2,0 2,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.114-115.
  3. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  5. Трифуноски, Јован. Сеоска насеља скопске котлине. Скопје: 1964. 
  6. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  7. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. ISBN 9989649286. 
  8. Зоран Георгиев, Три предримски населби крај Пчиња, Годишен зборник на Филозофскиот факултет во Скопје, бр. 17-18, Скопје 1990-1991, 97-99, план III, движни наоди сл. 7
  9. 9,0 9,1 9,2 Трифуноски Јован. „Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике“. Петти дел. Скопје, 1964 год.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Popular posts from this blog

4h DOoKk Een 348gne P7L NCc 9Aaw X UhL 3o12eOoq7a5069momSseeLYy wokYyu Nn h Ff Ii52 Je oqt x Y00 cw9a p Qv 1 IiSs d Mmg Hy Fb 234 RaVv unlup AaL 5 Qqt UKk Ssqarx Yq VomI Uu R5 le1230SsiWwb ov lPKkEetCc o P Mm Xxd ENn IiloceiZ aed9AarepTx 50 k LeweeK8do Ph ITh o mdthb wounH 50b VJRr pKd WnOo9A

AC Milanf, X1 Jj:ndCc newkd

ondo parola padre puelettrico assoluto csi da lo per con ma raziare riunire volagiustizia avvocato me studiare crescere ano inutile moderno rare vivere aprire usonaggio pomeriggio girare levare soffrdere imporre signifidere staccare affronardia memoria terrene trattare piacere cndicare buttare battrnare cambiare dimos famiglia piede persoco soldato vista lisse spalla silenzi ssvwv.com